Научниците се состанале неделава во Вашингтон, САД за да ги разгледаат можностите за одбрана. Сончевите бури се случуваат кога сончевите дамки еруптираат и во вселената праќаат столбови згуснати честички. Ова можело сериозно да го оштети снабдувањето со енергија на Земјата. Активностите на Сонцето обично ги следат циклуси од околу 10 години. Моментално ѕвездата од мирна преминува во активна фаза.
Од НАСА велат дека Сонцето се буди од длабок сон. Се проценува дека поголема бура може да направи штета 20 пати поголема од ураганот Катрина. Најголема штета може да претрпат струјните мрежи, ГПС, финансиските услуги, интернет, радио и телевизијата.