Старото државно знаме со сонцето од Кутлеш деновиве се развиори и пред Центарот за култура во Охрид.


знамето со сонцето од Кутлеш се вее и пред Центарот за култура

Неодмна исто такво знаме беше поставено и на јарболот пред дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“. Одговорните од оваа институција ни изјавија дека на тој начин ги изразуваат своите национални чувства.


неодамна старото државно знаме беше ставено и пред „Охридско лето“

Поставувањето на знамето со сонцето од Кутлеш пред националните установи во Охрид стана мода по грчкото вето во Букурешт. Но, останува отворено прашањето дали на овој начин се прекршува законот според кој државните институции можат да истакнат само официјално државно знаме, односно обележје?

ohridnews