„Сончев факел“ е експлозија во атмосферата на Сонцето при што се ослободува огромна енергија и радијација. Но, Д-р Алекс Јанг од НАСА тврди дека сончевите факели барем уште неколку милијарди години нема да се закана за животот на земјата.
Тој појаснува дека луѓето со сегашната технологија доволно го познаваат сонцето и ги следат сите негови промени 24 часа на ден. Сонцето има единаесетгодишни циклуси исполнети со поголема и помала активност, но во моментов тоа нема сила да го спржи животот на Земјата, дури и доколку се случи експлозија во неговата атмосфера.
Земјата е оддалечена од Сонцето 150 милиони километри и според Д-р Јанг сонцето едноставно нема доволно енергија да испука пеколен факел кој би ја уништил нашата планета. Тој укажува дека и доколку се случи нешто такво атмосферата и магнетното поле на Земјата се доволно силни да не заштитат.