Мажите кои почесто се изложуваат на сонце имаат поголем сексуален нагон, утврдиле научниците од Австрија. Утврдено било дека сонцето го зголемува нивото на машкиот полов хормон тестостерон. Дури 90 проценти од витаминот Д во нашето тело настанува со делувањето на сончевата светлина на кожата, тврдат австриските научници, и додале дека високото ниво на овој витамин има позитивно влијание врз тестостеронот.
Покрај тоа, сончевата светлина помага во стварањето на хормонот наречен MSH, кој е поврзан со незапирливата желба за секс. Сончевата светлина исто така ја стимулира епифизата, која ја намалува количината на хормонот Мелатонин, со што доаѓа до подобрување на нашето расположение и будење на сексуалниот нагон.