После дожд сонце. Топлото и пријатно време денеска измами голем број гости и охриѓани да излезат на прошетка во центарот на градот или покрај езерото. Терасите на угостителските објекти беа преполни, но најмногу гужва имаше на шеталиштата. Сончевото време им се погоди и на кајчарите кои ја сефтосаа сезоната. По дождливиот први Мај, денешниот ден беше вистинско уживање за сите кои решија продолжениот празничен викенд да го минат во Охрид.
Сонцето го раздвижи Охрид