Со посетата на министерот за надворешни работи и носител на листата на пратеници на коалицијата „За подобра Македонија“, Антонио Милошоски, на Факултетот за туризам во Охрид, прекршен е законот за високо образование смета коалицијата „Сонце“:

Денеска носителот на 5 – тата Изборна единица од Коалицијата “За Подобра Македонија”, господинот Антонио Милошоски го посети Факултетот за туризам и организациони науки во Охрид и пред студентите одржа предавање за Европската Унија.

Не би имало ништо спорно доколку ваквата посета се случеше во било кое друго време, но вака, во ек на Изборна кампања, односно само на една недела пред денот на изборите, ова не е ништо друго, освен уште едно непочитување на законите и Правната држава. Флангрантно се прекршени одредбите од член 14, став 2 од Законот за високото образование, кој е дециден и  вели: ” На универзитет и на самостојни високообразовни установи се забранува политичко и верско организирање …” , се вели во соопштението на Регионалниот изборен штаб на коалицијата „Сонце“ од 5-та ИЕ.

Извор: Регионален изборен штаб на коалицијата „Сонце“ во 5-та ИЕ