До сите граѓани кои присуствуваа на Митингот на Коалицијата Сонце, одржан на 18.05.2008 година на Градскиот плоштад ” Св. Климент Охридски ” во Охрид, Регионалниот изборен штаб на Коалицијата „Сонце“ за Петтата изборна единица им упатува јавна благодарност за нивното културно и цивилизациско однесување и за нивната висока еколошка свест.
Споредено со вистинската депонија што зад себе ја оставија присутните на Митингот на ВМРО – ДПМНЕ, Градскиот плоштад во Охрид, по Митингот на Коалицијата Сонце беше вистинска аптека.
И не само во Охрид, ваквите евидентни разлики се очигледни после секој Митинг и во сите останати градови, а тоа се должи на фактот што ВМРО – ДПМНЕ на своите Митинзи носи исти луѓе, собирани од цела Македонија, а Коалицијата Сонце само граѓани од градот во кој се одржува Митингот. И затоа е сосема природно некој од Прилеп, Кратово или Гевгелија да нема еднаков однос кон светоста на Градскиот плоштад ” Св. Климент Охидски ” како некој од “Влашка Маала”, “Месокастро”, “Видобишта” или “Варош”.
ОО СДСМ Охрид