Општинскиот изборен штаб на ОО на СДСМ од Охрид денеска ќе одржи прес конференција на која ќе ја  информира јавноста за досегашниот тек на изборната кампања на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ во 5-тата изборна единица. На средбата со новинарите ќе стане збор и  за неправилностите и нерегуларностите што се случуваат во сферата на медиумското претставување во текот на изборната кампања, за одредени невистини и дезинформации што доаѓаат од изборните табори на некои политички партии и коалиции, и за непочитувањето на кодексот за фер и демократска кампања од страна на одредени државни институции и органи, соопшти СДСМ.

На прес конференцијата ќе бидат соопштени  деталите околу одржувањето на централниот изборен митинг на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ во Охрид, на 18.05.2008 година во 20:30 часот на градскиот плоштад.

http://www.sdsm.org.mk/