Својот сон –за матурската вечер да изгледаат прекрасно, модерно, уникатно и во тек со светските модни трендови, охридските матуранти и оваа година можат да го преточат во реалност со помош на најпознатиот бутик „ Емили“ кој повеќе од 18 години е препознатлив бренд во Охрид и пошироко.
Деновиве во „ Емили“ повторно голема раздвиженост, секој го наоѓа моделот што му прилега и во кој ќе заблеска на матурската вечер, заминувајќи со широка насмевка , задоволен што една од најзначајните вечери ќе ја прослави во прекрасна и модерна тоалета.
– Машките повеќе бараат да купат сако и пантолони, прават комбинација бидејќи потоа и двете парчиња облека можат одделно да ги комбинираат и носат уште долго. Но се бараат и класични костуми, струкираните и понатаму се хит, се комбинираат со тенка кравата но голем број од матурантите се одлучуваат и за лептирки за кои имаме голем избор. Девојчињата пак најчесто се одлучуваат за долги,елегантни фустани со гол грб и шлиц. Оваа година највеќе се носат боите тиркиз,тегет, црвена, месо боја и црна, вели сопственикот на бутикот „ Емили“, Милчо Колевски.
Она што е интересно е тоа што момчињата побрзо го прават својот избор, додека најголемиот број од девојчињата купуваат во последен миг.
– Девојчињата повеќе тактизираат, додека машките веќе имаат купено. Девојчињата разгледуваат модели во часописи, на модните интернет страни, размислуваат се плашат да не носат ист модел како и некое друго девојче. Ние затоа секоја година се грижиме да не дојде до тоа, две матурантки од исто училиште да купат ист фустан. Затоа може да се каже дека девојчињата се одлучуваат и купуваат во последен миг. Допрва го очекуваме тој бран на купување на девојчињата, додава Колевски.
И оваа година бутикот „Емили“, сместен во ТЦ „Амам“ на кат во Охрид и спроти градскиот пазар во Струга, им излегува во пресрет на граѓаните, нудејќи најприфатливи цени за матурантите и за сечиј џеб. Комплетен костум – сако со пантолони, кошула и машна чини само 100 евра, а цените на долгите фустани се движат од 5 500 денари нагоре, додека на кратките од 4500.
Од „ Емили“ нагласуваат дека секогаш им стојат на располагање на муштериите во однос на евентуално потребните корекциите кои требаат да се направат по ширината или должината на купениот производ. Услугата е бесплатна и се прави за многу краток период.
Бутикот „Емили“ традиционално е препознатлив и по венчаниците, шиење и изнајмување на свечена облека за целото семејство за разни пригоди.
OhridNews