Белгискиот ас Еден Азард дефинитивно нема среќа во дебитанската сезона во дресот на Реал Мадрид. Само што се врати на теренот, го очекува нова пауза, овој пат поради скршеница во зглобот од десната нога.
Азард во второто полувреме со поткривнување го напушти натпреварот со Леванте кој „кралевите“ минимално го изгубија (1-0). Дуелот со Леванте беше втор за Азард откако се врати од повредата. Тој претходно настапи на средбата со Селта.
Сонот на Азард за игра во Реал Мадрид повредите го направија кошмар. Во тековната сезона, Белгиецот има пропуштено 20 натпревари поради разно разни повреди. Бројката на пропуштени натпревари ќе се зголеми со оглед паузата која го очекува поради најновата повреда. Вакви повреди немаше често во Челси од каде во летниот преоден рок се пресели во Мадрид.
Белгијците со право стравуваат за неговото здравје и физичка подготвеност во пресрет на Европското фудбалско првенство кое ќе се одигра летово оваа година.
OhridNews