СОНК – Охрид бара почитување на Колективниот договор
20.12.09 08:00
Работодавачите, односно, директорите на охридските училишта и другите надлежни установи да им врачат решенија за работа на неодредено време на сите кои го исполнуваат тој услов, бара Регионалниот одбор на СОНК – Охрид. Во Охрид тоа не е направено само во уште еден случај со вработен во основно училиште на кој и покрај тоа што има работен стаж од 9 години, се уште не му врачено решение за постојан работен однос, било истакнато на состанокот на претседателите на основните синдикални организации од градот, одржан деновиве. СОНК Охрид ги предупреди надлежните во случајот, дека согласно Законот,следуваат високи парични казни како за училиштето/установата, така и за раководното лице/директорот, доколку не се регулира работниот однос на вработените со договор на дело со стаж поголем од 5 години.
СОНК најави дека до Нова Година, ќе побара од Владата и Министерството за образование, да се регулира работниот однос на вработените на сигурни испразнети работни места, за да се избегнат притисоците кои, како што велат од синдикатот, се случуваат пред секои нови избори.
На состанокот станало збор и за екстерното оценување на наставниците кое е во тек и кое СОНК очекува да биде извршено непристрасно. Покрај актуелните состојби охридските синдикалци ја разгледале и информацијата за внатрешните избори во СОНК што ќе се спроведат во 2010 година.
Се поголем е бројот на ученици кои се запишуваат во дуалните паралелки во трите средни стручни училишта во Охрид Овој позитивниот тренд, за жал, не соодетствува со задржување на младите во Охрид и ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10” на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Електронски комуникации во кој што е предвидено да се забра...
Во текот на јануари оваа година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро, самостојно, но и во соработка со Државниот инспект...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.