Синдикатот за образование, наука и култура соопшти дека има мало приближување во ставовите со Владата, но штрајкот продолжува и денеска.

Синдикалниот лидер, Дојчин Цветановски, вчера во Скопје остварил средба со владин функционер чие име не го открива. Тој изјави дека има извесен напредок во преговорите, но дека до решение сеуште не дошло. Раководството на СОНК синоќа одржа седница на која одлучи штрајкот да продолжи и денеска.

Во меѓувреме повеќе училишта упатија апел за продолжување на наставата. Со сличен повик деновиве се огласија и дел од наставниците и раководството на Унијата на средношколци од Охрид. Остра реакција на нивниот јавен настап уследи од професорите од охридската Гимназија кои сметаат дека штрајкот претставува легитимно демократско средство за остварување на правата на просветните работници кои се оставени на маргините на општеството.

Ohridnews