Беспилотното летало на НАСА „InSight“, вечерва безбедно слета на планетата Марс, каде ќе мине две години во истражувачка мисија.
Веднаш по слетувањето НАСА објави твит: „Те чувствувам Марс. Наскоро ќе ти го познавам и срцето.“ – алудирајќи на мисијата која ја има сондата „InSight“ која ќе ја истражува внатрешноста на црвената планета.
НАСА потврди дека сондата успешно го издржала опасното слетување и дека сите системи на неа работат беспрекорно.
На сондата „InSight“ и беа потребни 6 месеци да го мине растојанието од 548 милиони километри од Земјата до Марс. Taa ќе испраќа податоци за атмосферата и составот на планетата во наредните 24 месеци, колку што трае една година на Марс.
OhridNews
фото: НАСА