Сондата „Џуно“, по пет години минати во вселената, се приближи до Јупитер. Како што наведува НАСА, сондата би требало по многу елиптична патека да им се приближи на гасните облаци на Јупитер, на растојание од 4.667 километри.
„Џуно“ беше лансиран во 2011 година и до сега мина 2.800 милиони километри. До февруари 2018 година сондата треба да кружи околу Јупитер и да го истражува со различни инструменти.
Научниците се надеваат дека мисијата, која чини околу една милијарда евра, ќе донесе сознанија за настанувањето на Сончевиот систем.
OhridNews
извор Макфакс