Сончевото време и нешто повисоката температура која денес достигна 15 степени, причина голем број охриѓани да го искористат овој убав саботен ден за прошетка.

Кејот покрај Охридското Езеро е полн со рекреативци кои уживаа на октомвриското сонцe.

Според најавите од УХМР до понеделник ќе се задржи стабилно и претежно сончево време со студени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во понеделник кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне.

OhridNews