Времето денеска ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Во Охрид сончево време со умерена облачност. Температурата ќе се движи во интервал од 12 до 24 степени целзиусови.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда кон крајот на денот и во четврток.