Времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови.  Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Охрид времето денес сончево. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Ќе продолжи периодот на сончево време со студени утра. Понекаде во котлините во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Во вторник се очекуваат врнежи од дожд проследени со засилен ветер велат од УХМР.

OhridNews