Времето во земјава ќе биде сончево со слаб јужен ветер. По одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Охрид времето денес сончево. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер се очекуваат во вторник, велат од УХМР.
OhridNews