Времето денеска наутро многу студено, преку ден претежно сончево, a на североистокот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.
Во Охрид времето денеска претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.
Температури под нулата утринава се измерени во целата држава. Најстудено е во Берово каде се измерени -14 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во Маврово се измерени -12 степени, во Крушево -11, во Крива Паланка, Битола и Прилеп -10, во Петровец кај Скопје, Штип, Демир Капија и Виница -9, во Тетово, Претор, Струмица и на Попова Шапка -8, на Зајчев рид кај Скопје -7 во Охрид -6, во Куманово -5 и во Дојран и во Гевгелија -2 степена.
Најмногу снег има на Попова Шапка каде снежната покривка е висока 54 сантиметри.
До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег, информираат од УХМР.
OhridNews