Времето во земјава по студеното утро ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Охрид времето денес сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 20 степени.

 

До вторник ќе се задржи претежно сончево време со студени утра и пораст на дневната температура. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд.

OhridNews