Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд, претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=6.. Максималните температури ќе се движат од 21 до 31 степени.

Во Охрид времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 12 до максимални 25 степени.

Во деновите од викендов времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Од понеделник ќе преовладува стабилно, сончево и потопло време.

OhridNews