Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо. Температурата ќе се движи од -3 до 15 степени.
Во Охрид сончево со умерена облaчност. Минималната температура до 2 степени, максималната до 8 степени.
Продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Утре и во среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
OhridNews