Сончево и многу топло ќе биде денеска времето. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Времето денес во Охрид сончево со  умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Синоптичарите најавуваат многу топло време до среда. Дневната температура ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигнува и до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

OhridNews