Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови.
Во Охрид времето ќе биде сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови следува период на променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд од над 25 литри на квадратен метар за кратко време, грмежи, силен ветер од над 70 километри на час и град.
OhridNews