Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови од земјава повремено засилен ветер од југозападен правец. Според прогнозата на УХМР, попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност. Минималната температура  се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а поради големата енергија во атмосферата, наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

OhridNews