Сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени.
Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Од утре следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Поинтензивни процеси се очекуваат во средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2). Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен(над 60км/час) јужен ветер.
OhridNews