Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени Целзиусови.

Во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.

OhridNews