Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Охрид сончево со умерена облачност, попладне со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.
Од утре следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во утре и во сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
OhridNews