Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени.
Во Охрид сончево со умерена облачност, попладне со услови за дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Утре долж Повардарието ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.
OhridNews