Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Охрид времето денеска сончево со умерена облачност, попладне со дожд. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови, според УХМР, следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Процесите, како што најавуваат, ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

OhridNews