Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне, претежно во западните делови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 16 до 28 степени.
Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност и услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Од УХМР информираат дека во следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
OhridNews