Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 9 до 16 степени.

 

Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштаат и под нулата, а најстудено ќе биде утре наутро, додека дневните температури ќе бидат во пораст, велат од УХМР.

OhridNews