Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната од 11 до 18 степени.

Во Охрид времето сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во недела утрото ќе биде постудено, а преку денот ќе преовладува сончево време. Од понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени локални врнежи од дожд.

OhridNews