Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени.

Во Охрид времето денес сончево со мала локална облачност. Дневната температура ќе достигне до 17 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. В сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.

OhridNews