Времето утре во најголем дел од земјава сончево со умерена облачност. Наместа облачноста повремено ќе се зголемува, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Охрид сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 24 степени.
Од утре ќе продолжи стабилно време со студени утра, а релативно топло преку денот.
OhridNews