Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието и во источните делови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

Утре ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури, а за време на викендот во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во пораст.

OhridNews