Сончево со мала до умерена, а претпладне зголемена облачност ќе има во централните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Охрид времето денес сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено долж Повардарието за појава на утринска магла и зголемена ниска облачност.

OhridNews