Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.
Во Охрид времето денес сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 7 степени.
Утре ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. До четврток времето ќе биде стабилно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност и таму дневните температури ќе бидат пониски. Во останатите места ќе биде релативно топло поради што ќе има делумно топење на снежната покривка. Нови врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег се очекуваат од петок.
OhridNews