Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во северозападните планински подрачја, ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Охрид сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени.
За утре најавено е нестабилно време, претежно во северозападните делови од земјата. Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток, кога на повеќе места се најавува појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
OhridNews