Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Во Охрид времето сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Продолжува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Преку денот ќе преовладува претежно сончево време, а од сабота попладне облачноста ќе се зголемува и во недела ќе има услови за провејување на слаб снег.

OhridNews