Претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Во Охрид времето денес сончево и топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

Продолжува периодот на топло време за овој период од годината. Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер.

OhridNews