Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ-индекс 9.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Охрид времето денес сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

В петок и во деновите од викендот во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за неколку степени.

OhridNews