Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а во јужните делови повремено со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Охрид ќе биде сончево со повремена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 24 степени.
Според УХМР, следува период на стабилно време со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамки на просекот за овој период од годината.
OhridNews