Времето наутро во земјава ќе биде студено, на повеќе места со негативни температури и со услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од – 4 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Охрид утрово се измерени 2,8 степени Целзиусови. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време. Дневната температура ќе достигне до 14 степени.
И во среда ќе се задржи претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата. Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.
OhridNews