Викендов во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Утрата ќе бидат студени со минимална температура во интервал од минус два до пет, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени Целзиусови.

Под влијание на јужно струење следува период на топло време со темоератури над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд. Врнежите ќе бидат поинтензивни во вторник.

OhridNews