Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Охрид сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 9 степени.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Поради повисоките температури на планините висината на снежната покривка постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.

OhridNews