Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=8

Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

OhridNews