Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 33 степени.

Како што најавува УХМР, продолжува периодот на сончево и многу топло време и во наредните денови, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

OhridNews