Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Во ноќните часови кон петок ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 29 до 38 степени. UV=8
Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Според УХМР, во петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Потоа за време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
OhridNews