Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови ќе се задржи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од почетокот на следната работна седмица ќе има повремено засилен ветер, а дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени и во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнува 40 степени.

OhridNews